Што е Unicode?
Unicode нуди единствен број за секој симбол,
без оглед на платформата,
без оглед на програмата,
и без оглед на јазикот.
Во основа, компјутерите работат само со броеви. Тие ги зачувуваат
буквите и другите симболи како бројки кои им се доделени ним. Пред
да биде измислен Unicode, постоеја стотици различни кодни системи за
доделување на овие броеви. Ниту еден од овие кодни системи не можеше
да ги содржи сите симболи: на пример, само во Европската Заедница
беа потребни повеќе кодни системи за да се покријат сите нејзини
јазици. Дури и за само еден јазик како, на пример, Англискиот ниту
еден коден систем не беше доволен за да ги опфати сите букви,
пункциски знаци, и технички симболи кои се во широка употреба.
Овие кодни системи често се во судир еден со друг. На пример, два
различни кодни системи може да користат ист број за два различни
симболи, или пак два различни броја за ист симбол. Понатаму,
секој компјутер, а посебно серверите, треба да поддржуваат повеќе
кодни системи; сепак, секогаш кога податоците поминуваат од еден
коден систем во друг или од една платформа на друга, постои опасност
од внесување грешка во податоците.
Unicode го менува сето ова!
Unicode нуди единствен број за секој симбол, без оглед на
платформата, без оглед на програмата, и без оглед на јазикот.
Unicode Стандардот е веќе прифатен од неколку индустриски гиганти
како на пример Apple, HP, IBM, JustSystem, Microsoft, Oracle, SAP,
Sun, Sybase, Unisys и
многу
други. Unicode се користи во многу современи стандарди и
технологии како, на пример, XML, Java, ECMAScript (JavaScript), LDAP,
CORBA 3.0, WML, итн. и е званичниот коден систем за имплементација
на ISO/IEC 10646. Unicode е поддржан од многу оперативни системи, од
сите модерни Интернет пребарувачи и
од многу
други производи. Појавата на Unicode Стандардот како и појавата
и достапноста на алатки кои го поддржуваат се меѓу најзначајните
нови трендови во софтверската технологија.
Вклучувањето и поддршката за Unicode во клиент-сервер или
повеќе-нивовските апликации, како и во веб-сајтовите нуди значајни
заштеди во споредба со старите кодни системи. Unicode овозможува
еден ист софтверски производ, или веб-сајт да биде достапен и
употреблив за повеќе платформи, на повеќе јазици и во повеќе држави
без да биде преработен. Unicode исто така овозможува пренос на букви
и други симболи преку многу различни системи без да се направи
грешка при преносот.
За Unicode Конзорциумот
Unicode
Конзорциумот е непрофитна организација основана да го развие,
проширува и промовира Unicode Стандардот, кој го дефинира
претставувањето на текстови во модерните софтверски производи и
стандарди. Членството на конзорциумот го сочинуваат бројни
корпорации и организации од софтверската и информатичката индустрија.
Unicode Конзорциумот финансиски се издржува целосно преку
членарините.
Членството во Unicode Конзорциумот е отворено за организации и
индивудии од било кој дел во светот кои го поддржуваат Unicode
Стандардот и сакаат да помогнат во неговото проширување и
имплементација.
за повеќе информации, може да погледнете во
Зборникот на термини,
Техничкиот
вовед во Unicode како и во
Збирката
од корисни ресорси.
Macedonian translation by Toni Stojanovski